Активистите загрижени, пука куполата на островот Рунит под која се крие радиоактивен отпад

Куполата направена на островот Рунит во Тихиот Океан, со помош на која се спречува ширење на голем нуклеарен отпад, почна да пука, велат светски активисти за заштита на животната средина. Тие се силно загрижени поради ризикот од испуштање на радиоактивен материјал што се чува во нешто што наликува на ковчег.

Ова место претставувало во минатото полигон на американската војска за изведување проби на нуклеарно оружје за време на Студената војна. Американската влада на крајот на 70-тите години од минатиот ве, на него направила купола, која ја нарекла кактус. Во неа е стациониран целиот радиоактивен материјал и отпад од тие проби.

Основата за куполата, за чија изградба САД потрошиле околу четвртина милијарди долари, претставува џиновски ратер, создаден од 18-килотонска нуклеарна бомба. Ѕидовите на куполата се направени од околу половина метар дебели бетонски плочи. Ги има 358 на број. Целата површина зазема околу 10.000 квадратни метри.

Активистите сега предупредуваат дека куполата покажува знаци на пукање и дека истата би можела да се распадне под силен удар на океанските бранови, надоаѓачка бура или некои други природни фактори. Во тој случај силниот радиоактивен материјал лесно би можел да се ослободи.

Од ситните пукнатини истекува радиоактиен отпад

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го известил претседателот на Маршалските Острови дека е загрижен за ризикиот од испуштање радиоактивен материјал, пренесува Populat Mechanics.

САД извеле 67 нуклеарни проби на Рунит, меѓу кои најголема е пробата наречена „Касл Браво“ во 1955 година. Научниците целосно ја потцениле новата хидрогенска бомба што ја тестирале. Експлозијата имала еквивалент од 15 мегатони, двојно повеќе од предвиденото. Детонацијата исфрлила неочекувана количини радиоактивен материјал, кој се рашири на големо подрачје.

Облакот од радиоактивна прашина патувал преку 150 километри и загадил неколку од населените острови. Домородците морале да бидат евакуирани. Но и покрај брзата евакуација, 83 од нив се здобиле со сериозни изгореници, додека еден јапонски брод уловил радиоактивни риби.

Во тој дел се наоѓа околу 88.160 m3 загаден отпад. Куполата е огромна, но не е проектирана да биде трајна. Денес покажува знаци на пукање, а поради глобалното затоплување и зголеменото ниво на морето, океанот е сè поблиску до неа. Засега останува нејасно како ќе се реши овој проблем.

Со овој остров моментално управува владата на Маршалските Острови, а во 1979 година е потпишан договор според кој САД нема да сноси никаква одговорност за какви било проблеми кои би можеле да настанат од тој радиоактивен отпад. Маршалските Острови се мала и сиромашна држава која нема доволно ресурси да се избори со тој отпад.

 

 

Scroll to Top