Алексеј Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот опозициски лидер Алелсеј Навални е номиниран за Нобеловата награда за мир, објави денес професорот на Универзитеот „Рурхерс“ во Њу Џерси, Сергеј Ерофеев.

Тој изјавил дека Навални за наградата бил номиниран од група научници од неколку универзитети, но не ги навел нивните имиња, пренесува рускиот портал „Њуз.рс“.

Кандидатурата за Нобеловата награда за мир се поднесува од септември до крајот на јануари наредната година, а според правилата на Шведската академија, која ги доделува, се објавува официјално само името на добитникот, а имињата на кандидатите се објавуваат 50 години подоцна.

 

Scroll to Top