Алјаска во вторникот стана четврта сојузна американска држава што го легализира рекреативното уживање во марихуаната, јавува АП. Освен во најдивата американска држава, тревата во САД стана легална уште и во Колорадо, Орегон, Вашингтон и во Вашингтон, Федерален округ Колумбија.
Законот од сега допушта консумација, одгледување и поседување марихуана. На референдумот одржан минатиот ноември гласачите во однос 53-47 беа за легализација на марихуаната.
Но, претставниците на американските староседелци изразија загриженост за новиот закон затоа што друштвото на Алјаска сега се соочува со прекумерно користење алкохол, семејно насилство и голем број самоубиства.
Со првата фаза од новиот закон не се планираше отворање трговија и контрола на пазарот, но сега на граѓаните засега им е само допуштено да уживаат во тревата, а консумирањето во јавност ги чини 100 долари.