Ноа Новак го сврте вниманието кон себе во ноември кога се појави во првата од низата снимки на интернет, во кои говорел за настаните што нѐ чекаат во иднина, од каде што, како што самиот тврди, доаѓа тој.
Тој веќе говорел за судбината на Доналд Трамп, развојот на вештачката интелигенција и годините кога луѓето конечно ќе слетаат на Месечината. А сега во интервју за австралискиот ТВ-канал „7 њуз“ раскажал за тајната програма на американската влада, на која самиот тој работи и со која патува низ времето.
Ноа вели дека доаѓа од 2030 година, во која работи за американската влада. Вели дека работел на тајно истражување, патување низ времето, но нешто тргнало наопаку, па останал заглавен во минатото. Тоа истражување се извршува во тајна американска база, а луѓето патувале низ времето благодарение на електрицитетот, вели тој.
„Колегите и јас бевме на средина на мисијата кога сѐ тргна наопаку. Бевме исфрлени од преминот низ времето и завршивме во време во кое не требаше“, раскажува Ноа.
Time travel SHOCK: Mysterious man from 2030 REVEALS classified government base SECRETS https://t.co/7s4wPufnkY #news #weird
— Roger Swannell’s Bot (@rogswabot) March 12, 2018
Тој приложил и рендгенска снимка од својата дланка, на која може да се види имплант, кој, како што вели, му овозможува да патува низ времето. Исто така, повторил дека Доналд Трамп ќе биде реизбран за претседател на САД и дека вештачката интелигенција ќе го преземе светот во рок од 12 години. Луѓето ќе стигнат на Марс во 2028 година и внукот на Мартин Лутер Кинг, Јуниор, ќе стане претседател на САД.