Американката Елиша Силверстин гостува на првиот концерт на Филхармонијата во 2022

Американската виолинистка Елиша Силверстин ќе настапи на првиот концерт во новата година на Филхармонијата како солистка. Концертот насловен како „Галантна Индија“ ќе започне вечерва со почеток од 20 часот. Габриел Бебешелеа ќе настапи како диригентка, додека како гостин ќе настапи и српскиот чембалист Предраг Госта. На репертоарот ќе има дела од Жан Филип Рамо и Филип Болоњ, барокни француски композитори. Болоњ е попознат како Шевалие де Сен-Жорж, кого музичките историчари го нарекуваат црниот Моцарт.

Според описот на Филхармонијата во нивната најава на концертот, Силверстин е една од највпечатливите американски виолинистки од помладата генерација, чија пасија е изведувањето на барокната музика.

Scroll to Top