Американската вакцина против короната е ефикасна

Вакцината против Ковид-19 која ја развива биотехнолошката компанија „Модерна“ во партнерство со американскиот Национален институт за здравје предизвикала имунолошки одговор кај сите доброволци кои ја примиле дозата во фаза додека била спроведена студијата.

Резултатите од постигнатиот успех биле публикувани во стручно списание, пренесува Си-ен-ен. Претходните резултати објавени во New England Journal of Medicine покажале дека вакцината стимулира имунолошки одговор со благи нуспојави.

Станува збор за замор, пецкање, главоболка, болки во мускулите и болки во местото каде што е дадена инекцијата. Но, се покажало дека истата е апсолутно ефикасна. Се очекува дека вакцината на крајот на месецот ќе влезе во фаза 3.

Станува збор за последна фаза пред регулаторите да одлучат дали да почнат со нејзино производство.

„Тоа се добри вести“, изјавил докторот Ентони Фаучи, кој раководи со американскиот одговор на пандемијата, пренесува „Асошиетед прес“.

Од „Модерна“ во своето соопштение навела дека, ако сè заврши како што треба во продолжението на испитувањата, би можеле да испорачаат околу 500 милиони дози годишно, а можно е и милијарда дози годошно, почнувајќи од 2021 година.

Во студијата објавена на 14 јули, истражувачите навеле дека испитувањето е спроведено на 45 здрави доброволци, на кои се тестирала безбедноста на вакцината.

Колку долго имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината може да трае, засега не е познато, но овие 45 ученици ќе бидат следени во наредните година дена, за да се добие прецизен одговор.

Во меѓувреме, „Модерна“ ја планира фазата 2 на испитувањето на вакцината, која ќе опфати 300 луѓе, од кои половината ќе добијат „плацебо“. Студијата ќе продолжи да ја проценува безбедноста и ефикасноста на вакцината, како и вистинската доза за финалната фаза на тестирањето.

Со оглед дека вакцина е итно потребна, американската Управа за храна и лекови исто така ја одобрила фаза 3 од студијата, која вклучува 30.000 луѓе, а која исто така ќе се спореди со ефикасноста на вистинската вакцина со „плацебо“.

Бидејќи уште неколку вакцини во светот покажале ефикасност, а најблиску до производство е вакцината од Оксфорд, доктор Фаучи изјавил дека тоа е добро и дека важно е да имаме колку е можно повеќе одговори на ваквата болест.

„Луѓето мислат дека ова е трка за еден победник. Јас навивам за секој од нив. Потребни ни се повеќе вакцини. Потребни ни се вакцини за целиот свет, не само за една земја“, изјавил Фаучи.

 

Scroll to Top