Американската војска именувала носач на авиони по Афроамериканец

Американската воена морнарица вели дека новиот носач на авиони ќе го носи името по Дорис Милер, Афроамериканецот кој херојски се борел за време на бомбардирањето на Перл Харбор. Ова е првпат еден брод да биде именуван по име на Афроамериканец и првпат еден морнар да биде почестуван за акција превземена како обичен војник.

Во 1941 година, Милен бил 22 годишен служител на Американскиот брод „Вест Вирџинија“. Во тоа време афроамериканските морнари извршувале работо како готвачи. Работа која подразбирала бришење на палубата, готвење и чистење на офицерската облека.

Милер се разбудил во шест часот утрото и ја собирал облеката кога се случил нападот и на бродот се огласила узбуната. Милер се упатил кон противавионсите батерии, но сите биле уништени. Продолжил кон палубата, каде добил наредба да ги носи ранетите другари, вклучувајќи го и капетанот на бродот.

Милер бил силен. Тој бил поранешен фудбалер во средно школо во Тексас, бил шампион во бокс на бродот во тешка категорија.

„Милер ги носел ранетите на грб, направил неколку тури поминувајќи низ длабоката вода, палубите на бродот кои биле намачкани со масло, борејќи се храбро“, изјавил контраадмиралот Џон Фулер во 2016 гоина.

Младиот морнар тогаш го превземал митралезот со калибар 51 и пукал сè додека не му снемало муниција, без разлика на тоа што никогаш не бил обучен за тоа оружје.

„Не беше тешко. Само го повлекол чкрапалото и тоа функционираше одлично. Гледав како останатите го користеа митралезот. Пукав околу 15 минути. Мислам дека соборив еден од јапонските авиони“, се присетил Милер.

Бродскиот службеник за коминикација, поручник Доар Џонсон изјавил дека Милер се однесувал како да пукал целиот свој живот, пренесува „Нејви Тајмс.

Западна Вирџинија била тешко оштетена во нападот. Јапонските авиони фрлиле неколку противоклопни бомби и испалиле повеќе торпеда на бродот. Бродот полека тонел, а тој ден загинале повеќе од 100 луѓе.

Како знак на храброст, на Милер му врачен морнарски крст во мај 1942 година. Тој станал првиот афроамерикански морнар кој добил медал, едно од највисоките признанија на морнарицата.

„Ова е првпат во овој конфликт, во американската флота, некој да му биде дадена ваква чест и сигурен сум дека во иднина ќе гледаме многу вакви слични примери“, изјавил адмиралот Честер Нимиц, тогашен командант на Пацифичката флота на САД.

Милер стекнал репутација и бил вратен дома во ноември 1942 година на двомесечна туреја поради промоција на воените обврски. Неговата слика била користена на морнарскиот плакат за регрутација. Тој за жал не ја преживеал војната. Милен бил во американскиот брод Лиском Беј, кога во 1942 година го погодил јапонско торпедо на Тихиот океан. Речиси 650 од повеќе од 900 монари на бродот загинале, а неговото тело никогаш не било пронајдено.

Постхумно, меѓу остантите признанија, му било доделено и „Пурпурно срце“. Набрзо по неговата смрт, морнарицата започнала со малата програма на обука на офицери за афроамерикански морнари. Во март 1944 година, морнарицата го добиле своите први афроамерикански офицери, познат како „Златни тринаесет“.

 

 

 

Со именувањето на носачот на авиони, на Милер ќе му оддадеме почест за допринес во сите наши редови, минати и сегашни, мажи и жени од секоја раса, религија и потекло, изјавил секретарот на Воената морнарица Томас Б. Модли.

„Сите можат да бидат сјајни, затоа што секој може да служи. Никој не ја разбира подобро важноста и вистинското значење на службата од оние кои доброволно ги ставиле потребите на другите, над себе си“, изјавил Мартин Лутер Кинг Јуниор.

„Дорис Милер се залагал за нешто што е добро за нашата нација и неговата приказна заслужува да биде запаметена и повторена на местата каде се борат нашите луѓе денес“, изјавил Модли.

 

Scroll to Top