Американците денеска очекуваат целосно затемнување на Сонцето

Речиси 12 милиони Американци живеат на подрачјето на кое ќе биде видлив овој астрономски феномен.

Милиони луѓе во САД денеска ќе го следат целосното помрачување на Сонцето, нешто што досега не е видено во 241-годишната историја на земјата, пренесува британскиот јавен сервис Би-би-си.

 

Целосното помрачување на Сонцето може да го забележат жителите на САД, од Орегон на западот на земјата до Јужна Каролина на источниот брег.

Речиси 12 милиони Американци живеат на подрачјето на кое ќе биде видлив тој астрономски феномен, кој, според тврдењата на многумина, ќе биде најмногу фотографиран и најдобро документиран во човечката историја.

Scroll to Top