Американците ги споредија лимузините на Доналд Трамп и Владимир Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на САД, Доналд Трамп, не кријат дека се големи љубители на лимузини од светска класа.

Американскиот магазин „Њузвик“ ги споредил двете лимузини на двајцата најмоќни претседатели и, како што наведува, возилото на претседателот на САД е постаро, но се очекува наскоро да излезе со нова верзија.

Путин наводно потрошил 192 милиони долари на својата нова лимузина, која ја покажал за време на инаугурацијата. Автомобилот со 860 коњски сили, кој е отпорен на куршуми, официјално е наречен „аурус“,  комбинација на зборот aurum, што на латински значи злато, и рус што претставува Русија.

Путиновиот „аурус“ има вградена напредна одбранбена и комуникациска технологија. Трамп го наследил своето возило познато под името „ѕвер“ од својот претходник Барак Обама, кој го доби возилото во 2009 година.

Лимузината лиценцирана за „Генерал моторс“ е направена од нула, со помош на тајната служба, со дебели прозорци од еден инч и врати дебели 8 инча, кои се разликуваат од типичниот ГМ-модел, како што пишува „Бизнис инсајдер“.

„Ѕверот“ е обложен со челик, алуминиум, титаниум и керамика, како и стаклена волна на вратите. Екстериерот исто така заштитува од хемиски напади, а челичните бандажи се дизајнирани да го задржат автомобилот во движење дури и ако гумите се уништени.

Во текстот се наведува дека новата верзија на „ѕвер“ може да се појави ова лето, и дека по многу карактеристики ќе биде помоќна од својот претходник во гаражата во Белата куќа. За изработка на новиот автомобил, потрошени се речиси 15 милиони долари.

 

Scroll to Top