Во американската сојузна држава Њу Џерси истовремено со претседателските избори одржан е и референдум на кој граѓаните со право на глас се изјасниле и за легализација на марихуаната.
На референдумот излегле повеќе од 50% од избирачите, а за легализација на марихуаната гласале неполни 68% од нив.
САД бираат претседател на изборите на кои кандидати за четиригодишен мандат во Белата куќа се актуелниот лидер и републиканец Доналд Трамп и демократот и некогашниот потпретседателд Џозеф Џо Бајден.