Американците произведоа пиво со марихуана

Откако Канада и десет држави во Америка ја легализираа марихуаната, пивницата Two Roots Brewing произведе безалкохолно пиво со марихуана. Пивото ќе го пуштат во продажба следната недела. Производителите велат дека откако ќе го пробате пивото по 10 минути ќе ги почувствувате првите ефекти на марихуаната. Според нив, дејството на пивото ќе трае 90 минути, а потоа почнува да се намалува.

Претходно и „Хајнекен“ произведе пиво со марихуана, но тоа пиво содржеше и мала количина алкохол.

 

Scroll to Top