Англичанец најден мртов откако се предозирал со кофеин

Лукаш Санделевски беше пронајден мртов во својата соба, откако неговата мајка се загрижила  бидејќи не можеш да стапи во контакт со него. Во градот Питерборо живеел со цимер и умрел од предозирање со кофеин. Форензиката тврди дека тој имал 282 микрограми кофеин на милилитар крв, а сè  над 80 микрограми може да биде опасно по живот.

Како што јавува LADBible, не е познато како Санделовски внел толку многу кофеин, но околу него биле пронајдени многу шишиња пијалаци и неред.

Не е потврдено дали Лукаш намерно трошел толку голема количина за да му стави крај на животот или  сето тоа се случило случајно.

Исто така, во неговото тело се пронајдени 112 милиграми алкохол, но експертите велат дека тоа не е причината за неговата смрт. Тоа е едно ниво на интоксикација, но не и нешто опасно по живот.

А цимерот рекол  дека Санделевски синоќа се вратил дома од работа, се заклучил во просторијата и разговарал по телефон. Следниот ден, тој го нашол мртов кога мајката на починатиот се јавила преку Фејсбук за да праша зошто нејзиниот син не одговара.

 

Scroll to Top