Аргентинските провпожарникари биле принудени да го срушат ѕидот за да можат да ја извлечат и префрлат во болница за лечење.
Триесет и двегодишната Изабела, која живее во Росарио, 340 километри северно од Буенос Аирес, ја изнеле од куќата сосе креветот користејќи камион од службата за цивилна одбрана.
„Отсекогаш сум дебела. Го напуштив школото поради дискриминацијата што ја трпев. Подоцна го продолжив школувањето за да бидам некој и нешто во животот. Денеска тоа ми се чини невозможно“, изјави Изабела за аргетинскиот печат.
„Сакам да се излечам и да живеам“, викнала пред да ја однесат во болница во Росарио.
🚑 #Rosario Trasladaron a Isabella, la joven que pesa 490 kilos y padece obesidad mórbida
➡️ https://t.co/2sKZkx3YpN pic.twitter.com/ek9ARk0s9G— La Capital – Rosario (@lacapital) 16 November 2017