Аргентинка тешка 490 килограми реши да се лечи

Најдебелата жена на светот, Изабела, со години живее заробена во сопствениот дом и повеќе не го чувствува поголемиот дел од своето тело.

Аргентинските провпожарникари биле принудени да го срушат ѕидот за да можат да ја извлечат и префрлат во болница за лечење.

Триесет и двегодишната Изабела, која живее во Росарио, 340 километри северно од Буенос Аирес, ја изнеле од куќата  сосе креветот користејќи камион од службата за цивилна одбрана.

„Отсекогаш сум дебела. Го напуштив школото поради дискриминацијата што ја трпев. Подоцна го продолжив школувањето за да бидам некој и нешто во животот. Денеска тоа ми се чини невозможно“, изјави Изабела за аргетинскиот печат.

Пред осум години Изабела имала 130 килограми, а по смртта на татко ѝ паднала во депресија.

„Сакам да се излечам и да живеам“, викнала пред да ја однесат во болница во Росарио.

 

 

Scroll to Top