Секое лето климатолозите, капетаните на бродовите, како и жителите Имуити, кои живеат на Арктикот – пријавуваат дека ледениот покривач постојано се намалува. А не толку одамна, дури и во текот на летото, ова подрачје било покриено со дебел слој лед, недостапен преку морскиот пат.
Сега финскиот ледокршач „Нордик“, со капацитет од 13.000 тони, без поголем отпор, плови по овој пат. Неговиот навигатор, чија задача е да ја наведува пловидбата низ опасните води, вели дека некогаш ледот на ова место бил дебел и по неколку метри.
„Минатата година, на пример, подрачјето каде што сега се наоѓаме и кое сега целосно е покриено со лед, целосно се стопило така што дури и теснината Меклинток беше комплетно без лед, што е исклучителна ретка појава“, истакнува навигаторот Џук Снајдер.
Но, негативните последици би можеле да бидат поинакви.
„Може да се развие туризам кога луѓето ќе дојдат со крузерите да видат поларни мечки кои нема да бидат тука за 20 или 50 години“, вели експертот за климатски промени, Мајкл Бајерс.
Научниците велат дека овој тренд ќе продолжи, повеќето инуитски деца наскоро редовно ќе имаат лета без лед, а можеби – и зима без лед.
Сателитското следење од 1979 година покажува дека ледениот покривач на Арктикот секоја година се намалува речиси 88.000 квадратни километри, што, на пример, е еднакво на површината на Србија.
Научниците велат дека тоа намалување не може да се спречи, дури и ако земјите што го потпишаа Парискиот климатски договор во 2015 година ги остваруваат своите ветувања дека глобалното загревање ќе се држи на ниво под 2 Целзиусови степена, пренесува „Гласот на Америка“.
„Арктикот се топи под стапка од 2,5 процента на деценија, ако го гледаме нивото од мај, и околу 1,4 процент на деценија во август“, истакнува климатологот Ендру Вивер.
Некои гледаат и одредена предност. Некогаш вечно замрзнатиот северозападен премин од северниот Атлантик до северниот Пацифик сега е отворен ова лето, што дозволува пловидба на бродови за крстарење рибарски и трговски бродови кои носат стока од локалните заедници.