Aстероид со големина на стадион денеска ќе помине покрај Земјата

By

Американската вселенска агенција НАСА предупреди на дожд од астероиди кои се движат кон Земјата, а нивниот дијаметар се движи од 10 до 213 метри.

НАСА постојано ја следи состојбата во вселената и открива астероиди кои се потенцијална закана за Земјата, а неделавa не е исклучок бидејќи се очекува најмалку пет вселенски карпи да поминат покрај нашата планета.

Два астероиди 2021 DD1 и 2021 DK1 со дијаметар од 10 и 61 метар, на растојание од 1,6 односно 6 милиони километри, вчера поминаа покрај Земјата.

Но, тоа беше само загревање, бидејќи денес се очекува да помине и астероидот 2020 XU6, со големина на стадион, односно 213 метри во дијаметар. Астероидот е двојно поголем од лондонскиот Биг Бен. Астероидот се движи со брзина од 8,4 километри во секунда, или 30.240 км/ч. Ова значи дека ќе му треба малку повеќе од еден час да направи круг околу Земјата. Астероидот ќе биде на растојание од околу 4 милиони километри.

Следува астероидот 2020 BV9 со големина на авион, односно дијаметар од 23 метри на растојание од 5,6 милиони километри, а потоа и астероидот 2020 CC5 со дијаметар од 40 метри на растојание од 6,9 милиони километри.

  

Ќе ви се допадне

Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 1 (https://funimationfree.com/m/aXaw/ep-1) at website https://funimationfree.com. See more anime of the decade funimation

How Not to Summon a Demon Lord (https://animeplanet.cc/m/5Y89) Episode 12 at AnimePlanet arifureta shokugyou de sekai saikyou anime planet