Астронаут си заминува од НАСА

Роб Калин, астронаутот што беше на обука во НАСА, си заминува од Националното воздухопловна и вселенска администрација. Вакво нешто се случува првпат по педесет години во историјата на вселенската агенција.

Кандидатот за астронаут одлучил да си замине по својата двегодишна обука, која ја добивал во вселенскиот центар во Хјустон, познат како „Џонсон“.

Портпаролката на НАСА, Бренди Дин, изјавила дека тој заминува од НАСА од лични причини. Законот за приватност ја ограничува да зборува за причините поради кои Роб се одлучил да си замине.

Дин дополнила дека оставката на Калин ќе стапи на сила в петок, пренесува „Асошиетед прес“.

Калин бил меѓу 12-те астронаути што летото минатата година биле избрани во потесниот круг од 18.300 кандидати пријавени за обука.

 

 

Scroll to Top