Австралиец не може да замине од Израел додека не плати 1,8 милиони фунти алиментација за неговите деца

Австралиецот Ноаму Хуперт (44), кој живее во Израел, рече дека му било забрането да патува во следните 8.000 години надвор од земјата, затоа што не платил алиментација за неговите 2 деца. Тој вели дека ако сакал да излезе од земјата морал да плати 1,8 милиони фунти.

Тој е аналитички хемичар кој работи за една фармацевтска компанија. На него не му било дозволено да го напушти Израел до 31 декември 9999 година.

Судот пресудил дека Хуперт мора да плаќа по 5.000 шекела или 1200 фунти месечно за секое од неговите 2 деца, додека не наполнат 18 години. Засега не е познато дали тој направил каква било исплата или дека ќе мора целиот износ да го плати однапред за укинување на казната.

Се чини дека 9999 година е произволно поставена, затоа што тоа е највисокиот можен датум кој го дозволувал онлајн системот. Неговата поранешна сопруга, која е државјанин на Израел, се вратила во земјата во 2011 година кога нивните деца имале 5 години и 3 месеци.

Потоа тој во 2012 година, рече дека не можел да замине од Израел.

„Од 2013 година сум заклучен во Израел“, рече Хуперт за necs.com.au, додавајќи дека тој е еден од многуте странски државјани кои правосудниот систем ги прогонува, само затоа што бил во брак со Израелка.

Израелскиот семеен закон често е критикуван поради дискриминација на жените. Од Министерството за финансии во 2018 година, утврдено е дека 43% од разведените татковци одбиле да плаќаат  каква било алиментација на нивните поранешни жени.

Самохраните мајки најчесто се оставени да ги користат само средствата од државата, затоа што нивните поранешни мажи не ги плаќаат алиментациите.

Пресудниот Врховен суд од 2017 година одлучи татковците повеќе да не плаќаат алиментација, особено во случаите кога нивните поранешни жени заработуваат повеќе пари од нив.

„За волја на вистината, сржта на семејното право во Израел, законите за бракот и разводот, е недостиг на еднаквоста меѓу мажите и жените“, рече тогаш судијата Ноам Солберг.

„Но и покрај тоа, не постои оправдување за нерамноправната поделба на исплата за издржување на децата“, дополни тој.

Во своите совети за патувања за Израел, американскиот Стејт департмент ги вклучува и предупредувањата за израелските граѓански и верски судови, вклучувајќи ја и активната примена на нивните овластувања во земјата, да им забранат на некои поединци, вклучувајќи ги и неризидентите, да ја напуштат земјата поради долгови или друг вид правни барања против нив, додека случаите не бидат решени.

Scroll to Top