Австралиски ракометар стана австралиска „фудбалерка“!

Австралиската фудбалска федерација ѝ дозволи на Хана Маунси, трансродова жена, да учествува во втората женска лига, потврди Маунси, која во минатото беше австралиски репрезентативец во ракомет и учествуваше на Светското првенство во 2013 година.

Да појасниме, се работи за фудбал по австралиски правила, инаку „луд“ микс на фудбал и на рагби.

„Се надевам дека ќе можам да играм оваа сезона. Нема да се заблагодарам на федерацијата, бидејќи нема потреба да им честитам за нешто што секој Австралиец го има како родено право“, вели Хана Маунси.

Калам Маунси, како што беше познат пред промената на полот, играше на квалификациите за Олимпијадата во Рио во 2016 со машката ракометна репрезентација кога реши да почне со хормонската терапија.

Играчот висок 1.90 метри не сакаше да го смени полот, но кога побара од својата федерација да биде регистриран во женскиот тим, на „пат“ се најдоа правилата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), според кои транзицијата од машкиот во женскиот тим мора да трае 12 месеци и да се направи тест на нивото на тестостерон.

Ова ја натера Маунси да побара нов предизвик во женскиот фудбал, а според австралиските медиуми повеќе клубови се заинтересирани за нејзините услуги.

 

Scroll to Top