Баба стана порно ѕвезда за да се прехрани

Шпанката Еби Робертс која е баба на шест внуци, вели дека работи како порноѕвезда, со цел да заработи пари и да го прехрани семејството. Еби вели дека ужива да се снима пред камера и често им ги остварува фантазиите на мажите кои ја гледаат. Таа сето тоа го прави во собата покрај онаа во која престојува нејзиниот сопруг.

Наместо да ужива во пензионерските денови, таа вели дека продава секс, за да може со нејзиниот сопруг да си овозможат пристоен живот. Рабти по шест дена во неделата по осум часа дневно. Еби шета гола или полугола пред камерите, се допира и прави се што нејзините клиенти ќе посакаат.

Покрај тоа, Робертс месечно снима по шест филмови за возразни со мажи кои и доаѓаат дома. За тоа време нејзиниот сопруг е во другата соба и гледа спортски канали.

„Во просек работам по осум часа дневно. Некои луѓе ме нарекуваат радохоличар, но јас уживам во работата. На овој начин го прехранувам моето семејство. Со ова се занимавам веќе 18 години. Се заљубив во својот сопруг иако знаев дека има проблеми со здравјето и дека работите со време ќе станат полоши. Не е важно кој заработува во семејството, се додека се сакате“, изјавила Роберс и додала дека во секс индустријата, влегла на 40 години.

Таа и нејзиниот сопруг Сорен биле сексуално многу активни, дури и биле свингери пред тој да доживее срцев удар. Мораше да престане со сексот за да остане жив.

„Сексот ви е поинаков кога ќе остарите. Мислам дека жените во мои години треба се почесто да практикуваат секс. Животот сеуште не е готов. Никогаш не посакав да бидам порноѕвезда која изгледа како Барби. Многу мои гледачи, особено оние помладите, сакаат да ме видат како баба сексуална работничка“, вели Еби, која вели дека нејзиниот сопруг има разирање за тоа што го прави.

„Жал ми е што толку напорно работи, но приморани сме на ваков начин, затоа што живееме од парите кои таа ги заработува“, вели сопругот.

Еби е свесна дека еден ден нејзините внуци ќе дознаат што нејзината баба работи и дека ќе постават некакви прашања, но таа е подготвена за тоа.

„Ќе им објаснам дека сексот е живот и дека тоа е нешто што не треба да се крие“, вели Еби.

Документарецот за Еби „On The Game: The Sex Business“ е прикажан на телевизиската станица Channel 5, пренесува „Мирор“, а нејзината видео снимка можете да ја погледнете на следниот линк.

 

 

Scroll to Top