Бабичка од Тексас починала откако првпат излегла да гласа на избори

Гарсија Лоу Филипс од Тексас  првпат излегла да гласа на американските избори за Конгрес, а недолго потоа починала. Осумдесет и двегодишната старица која боледувала од воспаление на белите дробови починала само четири дена по гласањето.

„Долго веруваше дека нејзиниот глас не значи ништо. Но, последните години го промени своето мислење. Во болницата се распрашуваше дали и на кој начин може да гласа. Во четвртокот ја однесоа до локалната црква и беше во својот автомобил додека службениците од гласачкото место ѝ го носеа гласачкото ливче“, изјавил нејзиниот зет.

На изборите во вторникот републиканците го освоија Сенатот, а демократите Претставничкиот дом на Конгресот.

 

Scroll to Top