Од изборниот штаб на демократскиот кандидат Џо Бајден, синоќа предупредија дека ако победат на изборите, ќе го испратат републиканскиот кандидат во Белата куќа да го исфрли актуелниот претседател Доналд Трамп, ако тој самиот не сака да излезе.
„Како што рековме на 19. јули, американскиот народ, самиот ќе одлучи на овие избори. И владата на САД, е совршено способно да ги исфрли сите натрапници од Белата куќа“, навел портпаролот од штабот на Бајден, Ендру Бејтс, пренесува „Индепендент“.
Од штабот на Бајден се огласија откако Доналд Трамп изјави дека не планира да му го отстапи местото на демократскиот кандидат, ако тој биде прогласен за претседател.
Бајден е на чекор да победи на изборите, затоа што води во сите четири држави во кои сè уште се пребројуваат гласовите, Пенсилванија, Џорџија, Аризона и Невада.