Барала стан и добила понуда од едно момче, но под еден изопачен услов

И после некој нека каже дека е лесно да се изнајми стан.Кога 19 годишна студентка Ерин Клар од Шкотска почна да бара стан во Париз, каде што живее за време на студирањето на Институтот за политички науки, не ни насетила дека може да добие ваква понуда.

Ерин на социјалните мрежи објавила дека бара стан кога на Фејсбук и се јавил маж со име Франциско.

Тој напишал дека има стан со два кревети, кујна, купатило, голем гардеробер и балкон, но дека станот не би и го изнајмик само за неа, туку би го делел со неа.

„Имам два кревети“, и напишал тој, по што 19 годишната го замолила да и напиште уште детали и го запрашала дали планира тојд а живее во тој стан, или само бара некој на кого би му го изнајмил. Добила одговор кој не го очекувала ни во најлошите соништа.

„Јас ќе живеам исто. Имам фотографии од станот. Но, ќе ти ги објаснам условите. Јас сум покорен и фетиш ми се стапалата, така да станот би ти бил бесплатен што се однесува до парите, но за возврат би сакал понекогаш да ги лижам твоите стапала“, и напишал тој.

„Освен тоа имам појас по невиност, па може да ми го чуваш клучот во нараквицата која би ја носела. Значи, не барам секс затоа што имам појас. Дали си заинтересирана? Ти одговараат ли условите?“, додаде мажот.

Девојката преписката ја објави на Твитер со иронична порака дека потрагата по стан во Париз и иде „мошне добро“. Но, кога таа повеќе не му одговарала на пораките, тој и ги испратил фотките од „невинскиот појас“, за да се увери дека ја говори вистината.

Scroll to Top