Руската бебиситерка Викторија Аимединова (23) е обвинета за убиство на шестмесечно бебе, кое трбало да го чува додека неговите родители биле на погреб. Злосотрот се случил во рускиот град Заводоуковск.
Јавноста е згрозена од ваквиот злостор. Тамошните медиуми пренесуваат дека таа го однела бебето во шума, каде прво го задавила, потоа му нанела исекотини со нож и на крајот го запалила.
Медиумите пренесуваат дека причината за ваквиот злостор е одмазда кон братот на Богдан, со кого Викторија претходно излегувала. Тој ја оставил, а таа се решила да му се одмазди.
Мајката на бебето вели дека со сопругот ја ангажирале Викторија затоа што ѝ верувале. Двајцата биле на погреб кога ја замолиле Викторија да го гледа малиот Богдан.
Полицијата откри дека пред овој монструозен злостор, Викторија објавила вознемирувачки пораки на социјалните мрежи. Неколку нејзини пријатели изјавиле дека Викторија неколку дена претходно им зборела дека планира да стане ѕвезда. Таа на своите профили на социјалните мрежи напишала – „Постои само еден антихрист и тоа сум јас. Гледам зло во секого“.