Бездомно девојче ја работи домашната задача на дожд

Осумгодишната Илејн Долфо од Филипините живее со своите родители и четиригодишната сестра на улица. Иако овој крај во последните денови беше погоден од силни монсунски врнежи, таа сепак пронашла начин како да ја изработи својата домашна задача.

Роналд Вилануев го снимил девојчето покриено со јакна, со која се обидува да ги сокрие книгите од дождот.

Илејен му рекла дека учи за еден ден да се тргне од улиците, да пронајде добра работа и да му обезбеди на семејството нормален живот, пренесува „Скај њуз“.

„Додека семејството спиеше, таа ја работешеа домашната задача. Беше некаде околу седум часот. Сигурно ќе успее во животот затоа што и покрај тоа што нема дом, таа не бара изговор за да не ја заврши својата домашна задача“, вели Роналд.

Scroll to Top