Еден од најбогатите луѓе во светот, сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, вели дека не го заслужува богатството кое што го поседува. Милијардерот неодамна изјавил дека платил данок во износ од 10 милијарди долари, но обаснува дека тоа за него претставувала мала сума во однос на целото богатство кое што го поседува.
Гејтс кој има повеќе од 96,5 милијарди долари, вели дека не заслужува да биде толку богат и дека сите луѓе како него со толку пари, на светот му должат многу повеќе од тоа што во моментов го даваат.
„Платив повеќе од десет милијарди долари данок, но требаше да платам повеќе. Јас законот го почитувам, но мислам дека работите треба да бидат многу прогресивни“, изјавил Гејтс.
Гејтс го создал богатството пред се благодарение на основањето на компанијата „Мајкрософт“, во 1975 година, која сега се проценува за една од највредните компании во светот.
Тој е еден од ретките милијардери кои ветиле дека своето богатство ќе го донира во добротворни цели, пред да го даде на своите деца (иако дел од богатството ќе им остави и на нив).
Со својата 53 годишна сопруга, Гејтс ја води фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, посветена на борбата против сиромаштијата и искоренувањето на тешките болести во сиромашните земји.
„Не го заслужувам моето богатство. Никој не го заслужува. Го создадов благодарение на добриот тајминг, среќа и луѓето со кои работев. Секако напрно работев и мислам дека софтверот е навистина корисна работа, но и јас добро поминав. Не мислам дека давањето на пари на моите деца би било добро за нив или за општеството“, изјавил Гејтс.
„Откако ќе потрошам дел од богатството, нешто ќе им оставам на децата и за даноците. Остатокот ќе оди во фондацијата. Мелинда и јас напорно работевме цело време за да сè осигураме дека парите ќе завршат на оние на кои што најмногу им се потребни“, вели Гејтс.