Биткоинот собори нов рекод, една дигитална валута вреди 62.574 долари

Најпопуларната дигитална валута, биткоинот сруши нов рекорд. Неговата вредност достигна до 62.574 долари. Соборувањето на рекордот се очекуваше, особено кога „Коинбејс“, најави излегување на берзата.

Глобално најпопуларната дигитална валута, во досегашниот тек на годината, повеќе од двојно ја зголеми вредноста, пред се затоа што истата е прифатена како средство за инвестирање, но и како платежно средство. Инвеститорите се повеќе тргуваат со висок принос со ниски камати, пренесува „Ројтерс“.

Големите компании, вклучувајќи ја и најстарата њујоршка банка BNI Meloun, Masterkard и Tesla, се меѓу оние кои исто така прифатија плаќање или инвестирање во криптовалутата.

 

Scroll to Top