Бизарна ситуација во Мекдоналдс – Си вбризгал дрога во тестисите пред муштериите

Брзата реакција на персоналот од ресторанот за брза храна во Ливерпул, спречи понатамошни инциденти, затоа што манијакот го однеле во тоалетот и го заклучиле.

Бизарната ситуација се случила во еден Мекдоналдс во Ливерпул кога потполно гол маж во своите тестиси си вбризгал дрога пред присутните луѓе.

Брзата реакција на персоналот од ресторанот за брза храна спречи понатамошни инциденти, затоа што манијакот го извлекле од тоалетот и го заклучиле, пишува „Метро“.
„Беше пред тоалетот, потполно гол, и си вбризга нешто во своите тестиси испуштајќи ненормални звуци“, изјави жената која присуствуваше на овој бизарен настан, додавајќи дека не знае дали звукот кој го предизвика мажот бил знак за сексуално задоволство или олеснување.
Полицијата потврдила дека овој настан се случил на 8 јули во 8:30 часот по локално време.
„Почнав да бегам, ме фати хистерија и не можев да престанам да плачам. Морав да останам во ресторанот после тоа уште половина час, пред да отидам на работа. Цел ден плачев“, додаде истата жена.

 

 

Scroll to Top