Многу од нас имаат различни навики кои другите ги сметаат за потполно необични, па таков е случајот и со членовите на кралските семејства, конкретно кралицата Елизабета (95).
Нејзиното секојдневие го карактеризираат уникатни и чудни навики. Додека за некои од нив постои логично објаснување, други се целосно банални, единствени, па дури и смешни.
1. Никогаш не патува без пакување од својата крв
Со неа на патувањето секогаш оди и лекарски тим кој е задолжен за грижата околу нејзиното здравје. Освен тоа, должни се во секој момент да знаат кои се најблиски болници во градовите кои ги посетуваат, а со себе секогаш носат голема медицинска торба во која се наоѓа мобилен дефибрилатор, како и други инструменти и апарати за прва медицинска помош. Притоа, лекарите секогаш со себе носат пакување од крвта на кралицата, во слуај итно да им затреба трансфузија.
2. Во палатата е забрането отворање прозорци
Секако, тоа не се однесува на сите прозорци, туку оние кои се наоѓаат на предната страна од Бакингемската палата. Поентата е палатата во секој момент да изгледа перфектно, а отворените прозорци би го нарушиле нејзиниот изглед.
3. Кралицата не поднесува коцки мраз
Една потпотолно навика се однесува на обликот мраз кој се наоѓа во чашата на кралицата. Всушност, таа не го поднесува звукот кој го произведуваат коцките мраз и смета дека дека е многу попријатен оној кој го прават ледените кугли.
Токму поради тоа наводно е произведена посебна машина која произведува мраз токму во тој облик.
4. Има секогаш необичен предмет во нејзината чанта
Додека повеќето дами во својата чанта носат огледалца, шминка и пари, кралицата домот никогаш не го напушта без еден посебен предмет кој секогаш мора да се најде во нејзината чанта. Станува збор за дизајниран држач за чанти која потсетува на јадица, а на кој може едноставно и брзо да се закачи чантата.
Имајќи предвид дека во кралското семејство постојат тајни пораки кои се испраќаат токму преку чантата, кралицата на овој начин сака да избегне испраќање лажни пораки, како на пример, ставањето чанта на под значи дека сака да ја напушти околината во која се нашла. На овој начин никогаш нема да дојде до забуни, а и решението за оставање работи е доста практично и едноставно.
5. Не сака да види брада или лептир-машна кај мажите
Додека повеќето жени токму овие детали ги сметаат за исклучително мажествени, кралицата Елизабета ги гледа како доста иритантни. Токму поради тоа мажите во нејзина околина секогаш мораат да бидат свежо избричени, а единствен исклучок е нејзиниот внук, принцот Хари, на кој се обидела да му влијае, но безуспешно.
6. Секоја нејзина модна комбинација има свој реден број
Секоја комбинација која кралицата Елизабета ја носи има свој единствен број со кој е назнаено во која пригода ја носела. Имајќи предвид дека кралицата сака јарки бои и класичен стил на облекување, комбинациите може да бидат лесно помешани, а од големо значење е да се води сметка да не се појави два пати по ред на кој настан во ист аутфитм па дури ни во иста боја.
7. Никогаш не јаде супа, но и компир
Секако, овие јадења се наоѓаат на менито на Бекингемската палата, но никогаш нема да бидат послужени доколку е присутна само кралицата. Вработените во палатата никогаш нема да се осудат кралицата да ѝ послужат супа, а што се однесува до компирот, како велат, не е дека не го сака, туку смета дека не е добар за нејзината диета.
8. Обожава малини, но никогаш не ги јаде во јавност
Малините се нејзино омилено овошје, но никогаш нема да ја видите како ги консумира во јавност. Поради нивните бројни семки многу лесно можат се заглават помеѓу забите, а тоа за кралицата би било целосно неприфатливо. Капините поради тоа се строго забранети во палатата, додека краставициата и доматот пред сервирањето мораат да бидат детално исчистени од семки.
9. Нејзините нови чевли секогаш мораат да бидат добро разгазени
Иако веќе со години наназад секогаш се одлучува за ист модел од истиот бренд, сепак кралицата не сака да ја почувствува непријатноста на потполно новите крути обувки, туку пред нивното облекување, секогаш добро ги разгазува слугинката која носи ист број како и кралицата.