Борис Тадиќ влезе во бизнисот со продажба на кафе од измет од мачки

Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, од неодамна почнал да работи за компанијата ToJoy, сопственост на познатиот кинески милијардер Лу Џунчинг, а која се занимава со продажба на кафе од измет на мачки.

Тадиќ се запознал со Лу, додека бил на чело на државата, а како што пишуваат српските медиуми Србинот запловил во сериозен бизнис во една од најголемите претприемачки платформи во Кина, која се занимава со најразлични области од бизнисот. Од туризам преку забавата, а од неодамна и со продажба на скапи кафиња од мачји измет.

Тадиќ уште во времето на мандатот како шеф на државата вели дека ја воспоставил оваа врска, но дека таа значително ја зацврстил по истекот на неговиот мандат.

„Бизнисмено Лу за својата мрежа собра повеќе поранешни претседатели и премиери. Тој минатата година дојде во посета на Белград, каде се состана со Тадиќ. Потоа Тадиќ отпатува во Кина и беше гостин на Лу во Пекгин и Шангај. Воспоставија добра соработка“, вели близок пријател на Тадиќ.

Тадиќ со себе ја понел и неговата секретарка Вања Теновиќ.

„Таа сега работи и во странство и важни за лојална соработничка. На Тадиќ му е од особена важност за овој биснис и таа е негов сопатник каде и да патува во Кина“, вели изворот, кој објаснува дека оваа работа на Тадиќ и тоа како му е добредојдена, поради тоа што на полето на политиката не му цветаат рози како некогаш.

Влијателниот милијардер од Кина го поставил Тадиќ на висока позиција во Глобалната конфедерација на земјоделски комори, економска организација која ја покренал Лу со цел да влијае на светските економски текови. На официјалниот сајт на конфедерацијата е наведено дека Тадиќ е член на постојаниот комитет на GCCCC, со официјална функција на континентален претседател на источноевропската конфедерација.

Колку Тадиќ заработува на новото работно место засега не е познато, затоа што од компанијата „ToJoy“ не одговориле на прашањата на новинарите. Останува и непознаница какви се задолженија ќе има поранешниот претседател на Србија. Засега ниту Тадиќ сè нема огласено по повод новото работно место.

Scroll to Top