Братучеди ќе одат во затвор затоа што имале секс

Брачната двојка Михаил Ли и Анџела Пи од американската сојузна држава Јута се соочуваат со казна затвор затоа што го прекршиле законот во земјата кој забранува сексуален однос на лица кои се во крвно сродство.

Анџела и Михаил се братучеди, а за да ги избегнат правните пречки, двајцата се венчале минатата година во Колорадо. Неколку месеци по венчавката, таа останала бремена, а откако лекарите утврдиле дека нема никакви генетски аномалии, кои се специфични за инцест врските, двојката одлучила да го задржи бебето.

Тие за неколку месеци треба да станат родители, а американските медиуми пренесуваат дека откако Анџела ќе се породи, таа веднаш може да се соочи со затворска казна во висина и од пет години.

Анџела е во петтиот месец од бременоста и треба да се породи во мај. Законот јасно забранува било какви сексуално односи со некој кој е во крвно сродство.

„Двајцата сме си привлечни еден на друг, а покрај сексуалната привлечност ја имаме и таа пријателска страна. Се разбира и роднинска и духовна. Тоа е прекрасно“, изјавила Анџела за американските медиуми.

Двајцата велат дека се среќни во љубовта и тоа што за кратко време ќе добијат бебе. Двојката воодушевено споделила и видео од ултразвукот. Коментарите на социјалните мрежи се различни. Некои ги поддржуваат, а некои не одобруваат што бебето е зачнато во инцестна врска.

 

 

Scroll to Top