Британка била во кома, а кога се разбудила дознала дека добила близначки

Британката Карли О’Лохлин 12 недели пред нејзиниот термин кога требало да се породи, доживеала незгода. Нејзиниот сопруг Џон вели дека ѝ се слошило и дека морала веднаш да ја префрлат во болница. Лекарите и откриле крварење во мозокот па ја ставиле во вештачка кома. Веднаш бил направен и царски рез. 
Кога се разбудила 24 часа подоцна, на Карли ѝ кажале дека добила близначки. Бебињата имале помалку од еден килограм, а Џон се пошегвал велејќи дека кога првпат ги видел изгледале како пилешки крилца. Карли објаснила дека не се сеќава на ништо од кога и се слошило.
„Не се сеќавам на ништо. Кога се разбудив сакав да си одам дома, но лекарите ме задржаа затоа што сакаа да направат дополни тестирања и да утврдат зошто имав крварење на мозокот“, изјавила Карли.
Три дена откако се родиле девојчињата, Карли била префрлена во друга болница за да може да ги види. Кога се вратила приметила дека нешто не е во ред со нејзиното десно стапало. Лекарите и откриле згрутчување на крвта во ногата, а потоа и во делот оддалечен само 20 сантиметри од нејзиното срце. Веднаш потоа Карли била оперирана.
Лекарите подоцна соопштиле дека поради проблемите со движењето на ногата, таа целиот живот ќе мора да користи инвалидска количка или патерици. Три години подоцна таа е регистрирана како инвалид, а нејзиниот сопруг Џон е назначен за нејзин старател.
Карли вели дека се чувствува како најлошата мајка на светот.
„Не само што не бев присутна и будна на раѓањето на близнаците, туку не сум ни мајка каква што посакував да бидам. Љубоморна сум што Џон има можност да работи со децата, а јас не. Го мразам тоа. Бев целосно независна личност со добра работа, а сега не можам ниту самата да се избањам ниту да си направам сендвич. Џон не го заслужи ова. Гневна сум постојано и вознемирена, затоа што никој не знае што може да биде причината за ваквата моја сосотјба. Но, продолжувам да се борам“, изјавила Карли.
По направените неколку тестови, лекарите и понатаму се обидуваат да ја откријат причината за крварењето во мозокот. На моменти помислиле дека ќе мора да и ја ампутираат ногата.
„Моето паметење е лошо, имам периоди кога само се исклучувам. Најважната работа во мојот живот се моите деца, девојчињата се одлично, а лекарите сеуште не ја знаат причината за мојата состојба“, вели Карла.
Покрај близнаците, Карла и Џон го имаат и постариот син Рајли.
 

 

Scroll to Top