Британка за подобар живот ја продава невиноста на сајт за ескорт

Деветнаесетгодишна девојка од Лондон ја продава својата невиност преку специјализираниот сајт Cinderella Escorts за да може да му помогне на своето семејство.

Во потрага по вистинскиот, Ејми веќе се има состанато со тројца богаташи. Банкар од Волстрит, германски бизнисмен и фудбалер, за кого вели дека бил суперкул.

Сајтот гарантира за Ејми дека е невина. Бил ангажиран и лекар за да ја утврди нејзината состојба и да издаде сертификат. Девојката пред да се одлучи на ваков чекор, вели дека посетила и психијатар за да се консултира.

„Сакам да ја продадам мојата невиност преку агенцијата. Размислував многу длабоко за ова пред да се одлучам на ваков чекор. Ова ми е вистинска можност да го подобрам мојот живот и да му помогнам на моето семејство, колку што тие ми помогнаа мене. Би сакала да го прошетам светот, да се образувам. Сфатив дека продажбата на невиноста е фантастична можност за остварување на моите желби“, вели Ејми.

Освен што е млада и убава, Ејми на сајтот објавила дека сака суши, шопинг, шампањ и патување низ светот.

„Тоа е моето тело и мислам дека имам право да правам што сакам со него“, завршува Ејми.

 

 

Scroll to Top