Британска двојка прослави 81 година брак: ни велеа дека нема да трае долго

Рој и Џојс Бојд од Британија прославија 81 година брак, иако своевремено многумина им кажувале дека бракот нема да им трае долго. Тие сега имаат 102, односно 100 години и живеат во дом за стари лица во Милтон Кејнс. Се верува дека се најдолговечната брачна двојка во земјата.

„Кога се венчале, многумина им кажувале дека бракот нема да им трае долго. Колку многу не биле во право“, рекла нивната ќерка Ајлин Бојд за британските медиуми.

Рој и Џојс се венчале на 4 јануари 1941 година. Лани тие примија специјална честитка од кралицата за 80-годишниот јубилеј. Велат дека се вљубиле на прв поглед и дека целосно си одговараат во врската.

„Во нашата врска нема шеф. И двајцата и даваме и земаме. Не очекувавме да доживееме 81 година во брак и многу сме среќни поради тоа“, рекла Џојс.

Двојката има две деца, три внуци, шест правнуци и еден праправнук.

Scroll to Top