Британски тинејџер ја убил поранешната девојка затоа што го оставила

Британски тинејџер кој брутално ја убил својата поранешна девојка удирајќи ја со камен во главата, е осуден на 14 години затвор. Станува збор за 14 годишниот Џошуа Дејвис, кој удирајќи ја со камен ја усмртил својата девојка Ребека Ајлард (15) само за да освои бесплатен доручек.

Џошуа бил гневен поради тоа што Ребека го оставила за друго момче. Тој на еден свој другар дури и му навестил дека ќе ја убие поради тоа. Пријателот дури на шега му ветил бесплатен доручек, ако ја убие неговата поранешна девојка.

Откако го извршил злосторот, тој на Фејсбук се пофалил дека денот му бил супер и го започнал со одличен доручек.

Мајката на несреќната девојка Соња Отил тврдела дека дури денеска дознала дека Дејвис е одговорен за убиството на нејзината ќерка кое го извршил пред осум години.

Тој на судењето ја негирал вината, но подоцна сепак го признал злосторот. Убиството се случило во 2010 година во Велс, а на судењето несреќните родители морале да ги слушнат деталите од последните моменти од животот на нивната ќерка.

Scroll to Top