Многу е веројатно легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон да се врати во редовите на Парма, клубот од каде и ја започна кариерата. Тренерот на ПСЖ Томас Тухел, изјави дека нема место за Буфон во идниот тим на францускиот клуб. Официјална потврда за разделбата објави и Буфон.
„Денеска мојата авантура надвор од Италија заврши. ПСЖ ми понуди продолжување на договорот кое не бев подготвен да го прифатам поради мојата желба да искусам ново професионално искуство. Си заминувам среќен бидејќи доживеав поинакво искуство кое ми помогна уште толку да пораснам. Денеска мојата авантура надвор од Италија завршува, сакам да му се заблагодарам на Насер Ал Келаифи, на цел клуб и на соиграчите. Се надевам дека ПСЖ во брзо време ќе ја заокружи својата убава фудбалска приказна“, изјави Буфон кој со својата изјава остави простор да се врати во Италија, односно во матичната Парма која сака да му понуди кариерата да ја заврши онаму кадешто ја почна.