Во текот на второто продолжение, поточно во 109. минута, Зидан го удри Матераци со главата во градите и заработи црвен картон, а овој момент се смета за најголемиот скандал на светските првенства.
Зинедин Зидан и Марко Матераци успеаја да постигнат по еден гол.
Скандалот меѓу овие двајца го одбележа мечот во кој „аѕурите“ славеа по изведувањето на пеналите со 5:3. Во второто продолжение, поточно во 109. минута, Зидан го удира Матераци со главата во градите и заработува црен картон.
Запрашан по тој дуел да изјави како бил провоциран од Матераци, Зидан само изјавил дека тоа е од лична природа и се однесува на неговата мајка и сестра.
„Ги изговори тие зборови кои се многу тешки и ги повторуваше. Тоа ќе го кажете еднаш и се обидувате да се тргнете. Тоа и го направив. Тогаш ќе слушнете уште еднаш, вторпат, третпат…“, изјавил Зидан по финалниот меч.
Иако се чинело дека двајцата фудбалери никогаш нема да се смират, сепак тоа се случи. Четири години подоцна, во пресрет на мечот меѓу „Милан“ и „Реал Мадрид“, двајцата фудбалери случајно се сретнале на паркинг пред еден хотел во Милано и во тој момент се гушнале.
„Зинедин бил со својот брат и со пријатели. Јас во тој хотел бев со мојот најдобар пријател, а бев таму поради Жозе Мурињо, кој беше таму поради ‘Реал Мадрид’. Налетавме еден на друг, сосема случајно. Му реков дека ми беше жал поради сѐ што се случи и дека за мене тоа е минато. Тој ми рече дека тоа за него повеќе не е проблем, да не се грижам, а потоа се ракувавме и се прегрнавме. Тука заврши сѐ“, изјавил Матераци.
Но, интересно е тоа што Матераци во првиот момент не успеал да го препознае најдобриот фудбалер на сите времиња.
БУГАРСКИ СТЈУАРД ЈА ОТКРИВА МИСТЕРИЈАТА
Бугарскиот стјуард Даниел Минков го открил тоа што Марко Матераци му го рекол на Зинедин Зидан и со што го испровоцирал Французинот во финалето на Светското првенство во 2006 година.
Минков на летот Милано-Њујорк разговарал со Матераци, а тој разговор им го прераскажал на бугарските медиуми.
„Интересно е дека никој во авионот не го препознал Матераци. Јас му пријдов и му реков: „Дај ми пет“, а тогаш го прашав што се случи меѓу него и Зидан“, ја почна својата приказна овој стјуард.
Познато е дека Зизу му рекол на италијанскиот репрезентативец дека по мечот ќе му го подари дресот затоа што постојано го влечел за него.
„Матераци му рекол дека дознал оти на сестрата на Зидан, Лили, невиноста ѝ ја одзел него соиграч од ‘Јувентус’. Затоа Марко му рекол: „Повеќе би ја сакал твојата сестра отколку дресот. Би сакал да видам како твојата сестра се е**“, ја продолжил приказната Минков.
Разговорот во авионот завршил со зборовите на Матераци:
„Ако сакаш да дознаеш уште детали, купи ја мојата автобиографска книга“.