Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација откако било утврдено дека шефицата на неговиот кабинет Дениа Желева е позитивна на коронавирус, пренесува бугарската агенција „Бгнес“. Борисов е негативен, но го чека вториот тест.
Тестирани се сите членови на делегацијата кои учествувале во Брисел на самитот на шефови на држави и влади на Европската Унија.
Минатиот понеделник бугарската влада соопштила дека се потврдени два случаи на заразени со Ковид 19 во администрацијата, по што владината зграда била затворена за да се реализира целосна дезинфекција.