„Чао 2020“ – онлајн забава вчерва во МКЦ

Под слоганот „Чао 2020“, вечерва во 20 часот МКЦ ќе дава новогодишна програма на фејсбук-страницата и јутјуб-каналот. Шестчасовна програма од студиото на МКЦ кога ќе настапат познати групи и македоснки диџеи.

Од МКЦ велат: „Како организатори и домаќини на речиси 400 поединечни настани во 2020, концерти, театарски премиери и претстави, изложби, поетски читања и литературни промоции, филмови под отворено небо ред беше да се пробаме и со новогодишна емисија. Конципираме програма што и ние би сакале да ја гледаме доколку сме дома пред екраните, а не на работа, која повторно на драго срце, сепак сами си ја накалемивме“.

МКЦ најавува дека за програмскиот дел што е одреден за хумор ќе настапат Влад Илиќ и Маркпо Дејановиќ , стендап-комичари.

Scroll to Top