Чаша виски ја платил речиси 9000 евра!

Млад Кинез во виски бар, нарачал виски од шкотскиот произведувач „Makalen“, произведен во 1878 година.Тој ја платил чашата виски 9999 франки (8733 евра) во виски барот во швајцарскиот хотел Ѓаволово место во Сент Морица, јавува швајцарскиот портал 20 минути.Како што пренесува AFP, од сведоштвото на сопственикот на хотелот Сандра Бернаскониј, тој рекол дека не очекувал дека било кој ќе го нарача баш тој вид на виски, а младиот Кинез изразил желба да го испие баш вискито „Мakalen“ од 1878 година, иако во барот во понудата имало 47 различни виски од тој производител, за кои по чашка треба да плати од седум до 1000 франки.

Бернаскониј изјавил дека муштеријата му рекол дека најскапото виски не е за продажба, но младиот Кинез инсистирал да го испие, па сопственикот на хотелот го повикал татко му, кој му рекол да го послужи пијалокот, иако муштеријата не сакал да го плати однапред.

Сега кога боцата е отворена, хотелот се надева дека ќе успее да го продаде и преостанатиот дел од вискито од шишето, па размислува и да ја намали цената.

За вискито, хотелот добил повеќе награди за својата колекција од 2500 боци, меѓу кои и од Гинесовата книга за рекорди.

Scroll to Top