Младата Колумбијка Џуди Пинеда ја променила кариерата, па така од чесна сестра станала порно-актерка и сега тоа е тема на која се зборува во Колумбија.
Многумина се чудат на нејзината промена во кариерата, а помеѓу овие две професии, таа била и пејачка.
– Не посетија чесните сестри и тогаш одлучив дека сакам да бидам како нив – изјавила во една прилика Пинеда, кога тогаш наполнила 10 години.
Таа се запишала во училиште за чесни сестри, таму поминала осум години, но тука не завршило се. Таа се заљубила во учителот и го напуштила училиштето – пренесува „The Sun“.
Во тој период, Колумбијката се запознала со макро кој ја турнал во светот на порнографијата и бил нејзина помош за да стане ѕвезда на „лајв“ порно филмовите.
https://www.instagram.com/p/B9EvsEElowj/
Започнала прво со соблекување пред камера, а со доплата на клиентите кои ја следеле, можеле да завршат со неа во „приватна соба“ – се онлајн.
После ова таа добила понуда да сними порно-филм и без двоумење ја прифатила понудата. Сега таа во филмовите глуми дека е чесна сестра.
– Се чуствував лошо на почетокот поради тоа со што се занимавам, но набрзо се помирив со тоа. Добро се чуствувам кога одам во црква, никогаш не ги испуштам мисите во петок, сабота и недела – изјавила порно актерката. На Инстаграм моментално ја следат преку 30.000 следбеници.