Четири чекори за да го задржите исончаниот тен

Ако сакате подолго да го задржите потемнетиот тен што го добивте на плажа, постојат четири трикови што може да ги направите и да го забавите процесот на осветлување на кожата, велат експертите.

Влажност

Две работи никогаш не се премногу кога станува збор за одржување на влажноста на кожата, особено исончаната – количина на средство за хидратација и колку пати во денот го нанесувате. На тој начин, кога ќе почне природниот процес на отстранување на горниот слој мртва кожа, тоа ќе се одвива побавно и понезабележително. Хидратантните креми и кокосовото масло се идеални за оваа намена.

Полека со топлата вода

Жежок туш или топла бања се одлични за релаксација, но тоа само дополнително ќе ја исуши кожата и ќе го забрза лупењето на горниот слој. Капете се со средно топла или млака вода и не користете премногу ароматизирани гелови и купки што содржат парфеми.

Нежно чистете ја кожата

Отстранувањето на слојот мртви клетки од кожата е неопходно и неизбежно, но бидете внимателни со чистењето. Користете благ пилинг со фини честички, а за капење употребете четка со меки влакна или морски сунѓер.

Пијте повеќе вода

Хидратацијата е важна и однадвор и однатре. Пијте доволно вода и негазирани пијалаци во текот на денот, особено ако сте јаделе солена храна.

Scroll to Top