Чикаго ја доби првата геј Афроамериканка за градоначалник

Граѓаните на Чикаго го избраа првиот Афроамериканец за градоначалник Лори Лајтфут, кој отворено признал дека е хомосексуалец. Лори, која вели дека е нова во политиката, изборите ги доби на база на ветувањата во кампањата за реформи, средување на градскиот буџет и пад на стапката на криминалот.

Со таквата програма, Лори остварила предност од речиси 50% пред долгогодишната политичарка Тони Преквинкл. Двете кандидатки беа Афроамериканки.

Победникчката Лајтфут на граѓаните им вети нова иднина за трет по големина американски град, пренесува „Гласот на Америка“.

„Денес влеговте во историјата, направивте почеток на промените“, изјавила Лори.

Нејзината седумдесет и двегодишна противничка Преквинкл била началничка на округот Кук, во кој се наоѓа градот Чикаго. Гласачите уште во текот на кампањата најавуваа дека се желни за промени.

Во Чикаго минатата година се случија повеќе од 550 убиства, помалку од претходните две години, но и понатаму оваа бројка е поголема во однос на Лос Анџелес и Њујорк заедно.

Поразената кандидатка Тони Преквинкл ја поддршка Лори по остварената победа.

„Не така одамна беше незамисливо две Афроамериканки да влезат во трка за градоначалник на Чикаго. Иако изгледа дека ние двете сме на различни патишта, од вечерва идеме само напред по истиот пат“, порача по изборите Преквинкл.

 

 

 

Scroll to Top