Американец од Њу Хемпшир каснал полициско куче додека се обидувал да побегне од апсење.
По пријавата на една личност, која била застрелана во куќа во градот Боскјевен, полицијата излегла на местото на настанот, пишува „Гардијан“.
Таму затекле две лица кои се обиделе да побегнат, а едно од нив каснало полициско куче, по што кучето возвратило.
Осомничените, чие имиња не се наведени, се обвинети за давање отпор при апсење и за напад врз полициско куче.
Кучето е идентификувано како K9 Веда, и поради тоа што не било повредено, веднаш се вратило во служба.