ЧУДНИ МИЛЕНИЦИ: Сите зборуваат за овој џиновски гуштер

Мекгивер е петгодишен гуштер од Калифорнија кој припаѓа на видот аргентинска црвена тега, а овој џиновски домашен миленик е најновата сензација на социјалните мрежи.

Аргентинската црвена тега е доста интелигентен влекач и познато е дека се врзуваат за своите сопственици. мекгивер докажува дека тоа е точно, затоа што најмногу сака да се гали со својата сосптвеничка.

Тој е веројатно најпопуларниот гуштер во светот, затоа што има и своја интернет страница, инстаграм профил со над 160.000 фанои, јутјуб канал со 44.000 ганови и твитер до 19,5 илјади следбеници. Покрај тоа, Мекгивер има свои профили на уште неколку социјални мрежи.

Секојдневно, илјадници луѓе го гледаат овој гуштер како јаде, како оди во прошетка или се капе.

Тежок е околу 10 килограми, роден на 4 јули 2012 година, така да неодамна го прослави петтиот роденден.

Scroll to Top