Принцезата Дајана по разделбата со Чарлс во 1992 година, не му дозволила на принцот да ги земе неговите лични работи од нивниот заеднички дом.
По нивната разделба Дајана останала да живее во Кенсигтонската палата, додека принцот Чарлс се преселил во куќа оддалечена три километри од нивниот заеднички дом.
Сели Бедел Смит во новата книга ги открива деталите од заедничкиот живот на Дијана и Чарлс и пишува дека принцезата не му дозволила на личниот слуга на нејзиниот сопруг да влезе во палатата и ги земе неговите работи.
Princess Diana did this sneaky but GENIUS thing when Sir Prince Charles’ valet came to collect his clothes from … – The Sun https://t.co/bgLoWHvSwj pic.twitter.com/xcejUJhP0c
— Sir Prince Charles ♔ (@PrinceCharIes_) October 3, 2018
Дајана уште пред да стигне слугата, наредила да се сменат бравите на вратите. Дајана го познавала човекот кој му служел на принцот Чарлс лично и го сметала за силеџија, пишува Смит.
Премиерот на Велика Британија во декември 1992 година соопшти дека Дајана и Чарлс се разведуваат, но официјалната разделба се случи дури во 1996 година.
Лејди Дајана загина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз на 31 август 1997 година.