Духовниот лидер на земјата Тибет Далај Лама (83) бил пренесен во болница во главниот град на Индија, Њу Делхи, пренесуваат светските медиуми. Лама завршил во болница поради инфекција на белите дробови. Лекарскиот тим кој го примил изјавиле дека неговата состојба е стабилна.
Лама, на препорака на лекарите, од местото Дармсала каде се наоѓа неговото седиште, бил пренесен со авион, а во болница бил примен во текот на вчерашниот ден. Дармсала е место кое се наоѓа во северна Индија. Тука Лама стигнал во 1959 година, по неговото бегство од Тибет и неуспешниот бунт против кинеската влада.
Лама обично патува по неколку месеци во годината во обиколка на светот. За време на своите патувања тој проповедува за Будизмот и говори за борбата на неговиот народ за слобода во Кина. Минатата недела Лама говорел на конференција во која учествувале голем број на професори и студенти во Њу Делхи.
На прашањето за иднината на Тибет во Кина, Лама повторил дека тој не барал независност за Тибет, туку повеќе би сакал повторно да се обединат со Кина, под взаемно прифатливи услови.