Данскиот милијардер Андерс Холч Повлсен (46) со семејството вчера ги погреба своите три деца кои беа убиени во терористичкиот напад на Шри Ланка.
На погребот на Алма, Агнес и Алфред, пристигнаа голем број на членови од данското кралско семејство. Присуствувал и премиерот Ларс Локе Расмусен. На погребот беше и единствената преживеана ќерка на Андерс , Астрид.
Андерс на комеморацијата кажа дека ова за него претставува неразбирлив губиток и се заблагодари на семејството, пријателите и комшиите за љуботва и поддршката со чија помош успеваат да ја надминат оваа криза. Анерс е дански милијардер, кој го наследи данскиот трговски ланец Bestseler, проценет на околу 4,5 милијарди фунти.
Тој е и најголемиот акционер во познатата онлајн трговска компанија Asos, и втор најголем акционер во германската онлајн продавница Zalando. Во нападите на Шри Ланка загинаа повеќе од 250.