„Гугл мапс“ ќе го отстрани својот бројач на калории затоа што некои дебели луѓе се почувствувале навредени.
Значката што покажува колку калории корисникот ќе потроши доколку пешачи место да вози автомобил или користи јавен превоз, ќе биде отстранета за неколку дена.
„Гугл“ користи слики од мали колачиња што означуваат колку калории се потрошени.
Тоа навредува голем број дебели луѓе, чии приговори ја принудија компанијата да ја тргне оваа значка.
„Иако ‘Гугл’ смета дека оваа значка поттикнува на здрави навики кај луѓето, за некои таа претставува осуда. И таа би можела да има штетно влијание кај лицата што лошо се хранат.
Се проценува дека дури 30 милиони луѓе во САД лошо се хранат.
Да се биде дебел, не е движење за социјална правда. Дебелите луѓе не се заштитено малцинство. Да се биде дебел, е како пушењето. Тоа е страшен животен избор, кој ве обесхрабрува во сите можни ситуации.
Дебелината е поврзана со сите видови страшни болести, вклучително и болести со срцето, инфаркт, дијабетес, рак и остеоартритис.