Во време кога Русија ја нападна Украина, на социјалните мрежи наголемо се споделува фотографија од момче и девојка со руско и украинско знаме кои се прегрнуваат. Иако сликата е направена одамна, предизвика многу емоции во јавноста. Пораки за поддршка и да запре ужасот што се случува во Украина. „Љубовта треба да победи сè“. „Заборавете на војните и сакајте се“, се дел од коментарите.
За потсетување, утрово Русија нападна неколку градови во Украина, а во земјата беше прогласена воена состојба.